Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Учениците од ООУ „Никола Вапцаров“ со активности во рамки на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието

Во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, во ООУ „Никола Вапцаров“ беа спроведени повеќе активности на учениците со одговорните наставници Соња Дојчинова, Наташа Цонева-Лазаревска, Елена Банкова-Пандева и Мариза Милкова.

Во една од нив учениците ја посетија Турската пошта и се запознаа со историските факти за нејзината работа, а беше реализирана посета и на Македонска пошта, каде што учениците подарија нивно уметничко дело кое стана дел од амбиентот во просторијата на директорот на Македонска пошта.

Сите интересни факти што учениците ги собраа при овие посети ќе бидат споделени на ѕиден весник во холот на училиштето, со цел да се надминат сите разлики меѓу нив и да покажат дека секое дете може да ги продлабочува своите интереси во образованието, во училишните клупи и надвор од нив.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.