Во населените места Куклиш и Муртино во тек е преадаптација на објекти во клонови на градинката „Детска радост“, во сопственост на општина Струмица, во кои ќе бидат згрижени 86 дечиња. Односно, во објектот во Куклиш ќе бидат згрижени 60 дечиња, а во Муртино 26.
Градоначалникот Коста Јаневски го посети објектот во Куклиш и рече дека се работи за значаен проект од областа на социјалната сфера. Како што истакна, со згрижувањето на најмладата популација значително ќе се подобри квалитетот на животот во овие населени места, реализирајќи го овој долгоочекуван и посакуван проект.
Градежните работи се во тек и би требало да завршат до крајот на февруари, а потоа следува доопремување од општина Струмица.
Поголемиот дел од средствата се обезбедени од ЕУ преку ИПА фондовите, проектот е администриран преку Светска банка и Министерството за финасии, а со доста значаен дел, учествува и општина Струмица преку финасиски средства обезбедени од општинскиот буџет.









Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.