Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во сабота ќе се одржи седницата за буџетот на општина Василево

Во сабота,  на 29.12.2018-та година, со почетот во 14 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи седумнаесеттата и воедно последна седница за оваа календарска година, на чиј дневен ред ќе биде и Предлог-Буџетот на општина Василево за   2019-та година. Останатите предлози по кои ќе расправаат Советниците се:

  • Давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Турија“, п.о Василево за 2019 година;
  • Давање согласност на Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“ – Василево за утврдување на цената за водата за пиење или водоснабдување;
  • Давање согласност на Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево за утврдување на цената за собирање и одведување на урбани отпадни води;
  • Предлог-Буџет на општина Василево за 2019-та година;
  • Предлог-одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2019-та година;
  • Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2019-та година.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.