Во просториите на училиштето „Борис Трајковски” – Моноспитово, самостојниот инспектор за превенција Тони Божиков од СВР Струмица одржа работилница за превенција од петарди.
На работилницата присуствуваа ученици од шесто до деветто одделение. Тие беа информирани дека купувањето и активирањето петарди на јавни места, на улица, но и во дворови, претставува законски прекршок за кој е предвидена глоба од 200 до 800 евра.
Работилницата се одржа со цел учениците да ја прекинат оваа пракса за време на новогодишните и божиќните празници, пред сѐ заради заштита на нивното здравје, бидејќи можат да завршат со повреди на рацете и лицето, изгореници, контузии, па дури и ампутации предизвикани од петарди, нивна неправилна употреба или непроверен состав.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.