Учениците и наставниците од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица, во рамките на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“, финансиран од општина Струмица, реализираа заеднички фудбалски натпревар со учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ од општина Василево.
Целта на овој натпревар беше да се сплотат ученици од мешан етнички состав, кои заедно се натпреваруваа, спортуваа, а пред се, се дружеа. На победниците им беа доделени и соодветни награди, иако победници беа сите, надминувајќи ги меѓуетничките разлики.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.