Првачињата од ООУ „Гоце Делчев“ – Василево, заедно со своите наставнички, беа гости во општинската зграда, каде од Дедо Мраз добија новогодишни пакетчиња, а тие преку песнички се заблагодарија и му ја честитаа Новата година на градоначалникот Марјан Јанев и вработените во општината. Градоначалникот пак, им посака на дечињата да бидат здрави и живи, весели, среќни и безгрижни во новата 2019-та година.
Традиционално, општина Василево секоја година им подарува новогодишни пакетчиња на сите првачиња кои учат во училиштата во општина Василево.
Крајот на оваа 2018-та година, основците од ООУ „Гоце Делчев“ – Василево, го одбележат со специјална новогодишна програма, под мотот „Да запееме сите заедно од нас за нас“, која тие ја во спортската сала во Василево. Настанот беше од хуманитарен карактер и собраните средства од влезниците ќе бидат искористени во хуманитарни цели.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.