Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица отворена новогодишно-божиќна ликовна изложба на учениците од овој регион

Во Дом за деца и млади „Благој Јанков-Мучето“ – Струмица, отворена е изложба по повод новогодишните и божиќните празници, по претходно распишан конкурс.

Конкурсот традиционално се распишува еден месец однапред со зададена тема. Тема на овогодинешниот конкурс беше „Зимата во мојот крај – новогодишна еуфорија“ а на конкурсот зедоа учество ученици од сите основни општински училишта од Струмица, Ново село, Босилово и Василево, со свои ликовни творби.

Пристигнаа 270 ликовни творби кои се изложени во изложбениот салон на Домот за деца и млади а најдобрите од нив беа наградени со пригодни награди за потик на креативноста и стекнатите знаења за ликовната уметост на учениците.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.