Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

МОН со забрана учениците кај кои постои ризик да се инфицирани од коронавирусот да посетуваат настава

Како дел од превенцијата против ширењето на коронавирусот Министерството за образование и наука излезе со неколку препораки за учениците, студентите и вработените во образовните институции.

Покрај организирањето на едукативни предавања поврзани со начините за превенција од корона вирусот, насоките за постапување наложуваат образовните установи да ги одложат планираните патувања и екскурзии на ученици, студенти и вработени во Република Италија.

Оттаму информираат дека наложено им е на образовните установи да ги одложат планираните екскурзии во Италија, а во најкус можен рок по телефонски или електронски пат да обезбедат информации од сите свои вработени, ученици и студенти дали во последните две недели патувале или живеат со некој кој патувал во Ломбардија, Венето, Емилија Ромања и Пиемонт во Италија, како и во Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур и Тајван.

Лицата кои ќе дадат потврдна информација потребно е да не доаѓаат на работа, односно да не посетуваат настава, додека не добијат соодветни инструкции, односно совети за следни чекори што ќе треба да ги направат зависно од ситуацијата и од планот на надлежните здравствени институции и Владата.

Во меѓувреме, потребно е менаџментите на училиштата, универзитетите, јавните научни установи и сите други образовни институции да ја подигнат хигиената на највисоко ниво во сите простории каде има честа фреквенција на луѓе.


Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.