Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Буџетот на општина Струмица за 2019-та ќе тежи над 1 милијарда денари

На вчерашната осумнаесетта седница на Советот, беше усвоен буџетот на општина Струмица за 2019-та година. Тој ќе тежи 1 милијарда 122 милиони 430 илјади и 586 денари и според градоначалникот Коста Јаневски, тоа значи дека и идната година ќе продолжат капиталните инвестиции и развојот на Општината.

На седницата советниците разгледуваа вкупно 57 точки од дневниот ред и беа усвоени повеќе предлог – програми за активностите на општина Струмица во областите кои што се во нејзина надлежност, на јавните претпријатија и локалните институции, како и одлуки и решенија од областа на урбанизмот.

Јаневски истакна дека значително ќе се подобри квалитетот на граѓаните на општина Струмица во текот на наредната година. Исто така во план е и задолжување на општината од 1% за аплицирање на кредити од светска банка, за проширување на гасоводната мрежа во Струмица, кој според него е многу важен проект, како и за  проекти преку ИПА програмата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.