Досегашниот заменик градоначалник на Општина Ново Село, Горан Цветков, на вчерашната седница на Советот на Општината е избран за ВД градоначалник.
За изборот на Цветков гласаа пратениците од советничката група на СДСМ, додека 7-те опозициски советника беа против таквата одлука.
Горан Цветков е млад дипломиран техничар по земјоделски науки кој на функцијата доаѓа како советник во Советот на Општина Ново Село, од редовите на СДСМ.
Цветков е замена за досегашниот градоначалник Стојчев, кој поради скандалот со апсењето за шверц на цигари се повлече од функцијата.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.