Акцијата за собирање на средства за лекување на седумгодишната Нина, која боледува од Paraparesis Spastica, за што и е потребна операција и постоперативна рехабилитација во САД, кои чинат 65 илјади евра, е завршена успешно.
„Го добивме најубавиот новогодишен и божиќен подарок !!! Успеавме !!! Сите сме толку возбудени што ја достигнамве целта! Огромна благодарност до секоја личност / бизнис / организација која ни помогна на некој начин да ја постигнеме оваа цел. Без разлика дали сте донирале пари , организирале и присуствувале на настани, волонтирале или сте постирале за собирање на средства, ВИЕ СИТЕ сте причина зошто успеавме да го достигнеме тоа и да постигнеме таква голема сума. Ние сме толку благодарни што нашите семејства, пријатели, па дури и луге што не не ни познаваа ни помогнаа. Ние добивме многу нови пријатели во текот на оваа приказна за што ќе бидеме засекогаш благодарни. Вие сте причината за нашата прекрасна Нина да ја добие оваа шанса да има хируршка интервенција која ке и го промени животот на подобро . Она што сте го направиле можеби за вас изгледа малку, но тоа е огромно за нас и ни значи премногу. ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕЕЕ !!! ?????“ , напиша Славица Димитриевска на својот Фејсбук профил.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.