На големата сцена во центарот за култура „Антон Панов“ синоќа се одржа деветтиот тематски, традиционален новогодишно–божиќен концерт „One way ticket“ во организација на СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.
Пред преполната сала, учениците од „Јане Сандански“ се претставија со изведба на најголемите хитови кои ги полнеле подиумите во минатиот век. Публиката имаше можност да ужива во заразните диско звуци од ABBA, Bee Gees, Boney M и многу други.
На концертот настапија солисти, инструменталисти, хорски и танчарски групи под менторство на професорите Анита Станковска, Денис Кирчанов и Полина Ашикова.
Собраните средства од продажбата на влезниците ќе бидат искористени за обезбедување музичка опрема во кабинетот по музика.
На концертот присуствуваше и градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски.









Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.