ОО на „Црвен Крст“ – Струмица згрижи двајца бездомници во пунктот за сместување на бездомни лица, на возраст од 70 и 56 години.
Како што информираа оттаму, тие добиле топол оброк и сместување на топло место. „Црвен Крст“ – Струмица инаку располага со два контејнери со капацитет за 8 бездомни лица. Тие претходно изјавија дека контејнерите се целосно подготвени и обезбедени со храна.
Од „Црвен Крст“ апелираат до сите граѓани на општина Струмица доколку се во можност да донираат топла облeка за возрасни машки лица. Исто така, доколку забележат бездомно лице да ги информираат на следните тел. броеви 070/381-660 и 071/345-901.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.