Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Нови наноси на снег, зимската служба на терен низ Струмица

  • Под влијание на влажен и студен бран, денес и утре ќе има нови пообилни врнежи од снег.
  • Возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки и високите зони на градот.
  • Насекаде ќе се формира нова покривка од 10 до 30 сантиметри а на планините позначителна, над 50 сантиметри.

Под влијание на влажен и студен бран, денес и утре ќе има нови пообилни врнежи од снег. Во моментов во Струмица, висината на снежната покривка изнесува 7 сантиметри. Екипите на зимската служба се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од улиците и тротоарите.

Возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки и високите зони на градот. Се следи состојбата на терен и ќе се интервенира според потребите.

По овој бран следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури а дневните ќе бидат во благо покачување. Насекаде ќе се формира нова покривка од 10 до 30 сантиметри а на планините позначителна, над 50 сантиметри. Поради ниските температури се очекува и појава на голомразица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.