Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

На Василица во Мокриево ќе се одржат традиционалните „Страничарски игри 2019-та“

На 14.01.2019-та година, во населеното место Мокриево по 12-ти пат ќе се одржат традиционалните „Страничарски игри 2019-та“, во организација на здружението „Страничар“ од Мокриево.

Страничарските игри се одржуваат како возобновена традиција, која започнува со палењето на големите маалски огнови – симбол за новото сонце што треба да изгрее и осветлува луѓето во новата година. Страничарите пак, со нивните маски и тропањето на нивните ѕвонци, се верува дека треба да ги истераат лошите сили.

Сета храна што страничарите ја собираат од селото, шетајќи од куќа во куќа се собира на едно место, од која подоцна се прави гозба за сите учесници и присутни на Страничарските игри.

На овие игри учествуваат карневалски групи од повеќе места од земјава, како и од соседните земји.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.