Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Советничката Ирена Бабамова – Стојчева бара одложување на карневалот во Струмица

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Струмица, Ирена Бабамова – Стојчева, бара Струмичкиот карневал да се одложи поради ризикот за ширење на заразата со коронавирус.

Таа денес на својот Фејсбук профил напиша: „Ширењето паника е неразумно и неодговорно. Но во исто време е многу неодговорно и неразумно непреземањето на превентивни мерки за ширење на вирусот. Во нашиот случај тоа е одржувањето на карневалот. Неспорно е дека карневалот е еден од најголемите настани и бренд на градот, нешто по што сакаме да се идентификуваме како Струмичани; неспорно е дека носи економски бенефит и повеќедимензионална промоција; но во вакви вонредни околности спорно и неодговорно е да не се одложи. Не сме подготвени да се справиме со последиците од одржувањето. Токму одржувањето ќе ја зголеми паниката. Да заштитиме што е можно поголем број на граѓани, ако не и сите, пред да излезе состојбата од контрола. Карневалот уште порадосни можеме да го одржиме во подобри (и потопли) денови кога шансите за ширење на овој вирус ќе бидат минимизирани. Толку имам да кажам оти сум повикана и имам одговорност да го кажам ова.”

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.