Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Зимската служба на „Комуналец“ – Струмица спроведува акција за чистење на снегот околу училиштата

Во пресрет на второто пологодие од учебната 2018/19 година, Зимската служба при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ – Струмица спроведува акција на отстранување на снегот и мразот на просторот околу основните и средни училишта на територијата на град Струмица.

Сите локални патишта на територија на општина Струмица вклучувајќи ги верските објекти и основните училишта успешно се пробиени и целосно е исчистен снегот од коловозот.

Законот за јавна чистота предвидува во зимски услови при снежните врнежи сите сопственици, односно корисниците на јавните објекти да го исчистат снегот пред објектите за непречен пристап до нив.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.