Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Роза Мојсовска ја издаде својата шеста збирка поезија насловена „Стихозбирка“

  • Излезе од печат книгата „Стихозбирка“ од Роза Мојсовска - 5 книги во една.
  • Роза Мојсовска е инаку и уметница која слика со својата уста, поради нејзиниот телесен инвалидитет.
  • Нејзините дела за првпат биле изложени на групна изложба во Ватикан, Рим.

Излезе од печат книгата „Стихозбирка“ од Роза Мојсовска – 5 книги во една. Книгата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија а како издавач се појави ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ – Струмица.

Роза Мојсовска е инаку и уметница која слика со својата уста, поради нејзиниот телесен инвалидитет. Нејзин дом веќе 43 години е Заводот за рехабилитација – „Бања Банско“. Нејзиниот ведар дух и енергија ја водат низ животот а сликањето е нејзина најголема љубов.

Неодамна во интервју за Женски магазин, Роза збруваше за нејзиниот живот и тешкотиите со кои се соочува и дека единствено цртањето со уста ја спасувало од тагата.

Нејзините дела за првпат биле изложени на групна изложба во Ватикан, Рим. Од 2005-та година таа е стипендист, единствен од Македонија, во светското здружение за уметници кои цртаат со уста и нозе.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.