Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица одбележана 76 годишнината од убиството на првоборецот Герас Цунев

Со пригодна свеченост денеска беше одбележана 76-годишнината од убиството на првоборецот Герас Цунев.

Во негова чест градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски, со претставници од Советот, положија свежо цвеќе пред спомен бистата на Цунев која што се наоѓа во малиот градски парк.

На свечената пригода присуствуваа и претседателот на Општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ, претставници од Сојузот на борците, политички партии и од општински училишта, кои положија свежо цвеќе пред спомен бистата на Герас Цунев.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.