Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Царинската управа на Македонија воведе нови правила за увоз на половни возила

Царинската управа на Македонија ги информира граѓаните дека започна нов начин на утврдување на царинската вредност при увоз на употребувани патнички, комбинирани и лесно доставни товарни возила и мотоцикли.

Царинењето на употребуваните моторни возила и понатаму ќе се врши по месна надлежност во царинските испостави кои се определени за увозно царинење на моторни возила, меѓу кои и ЦИ Струмица и ЦИ Ново Село.

Проценката на вредноста на употребуваните моторни возила се врши со користење на електронскиот каталог SchwackeNet, а не како досега со каталози во хартиена форма од постар датум. Пребарувањето во каталогот ќе се врши од страна на царински службеник во секоја од наведените царински испостави, одговорен за пребарување во електронскиот каталог и тоа исклучиво врз основа на поднесена декларација за увозно царинење на употребувано моторно возило со внесување на бројот на шасија во системот.

Овој начин треба да овозможи пребарувањето ќе биде брзо, едноставно и транспарентно, а истовремено и воедначено на целата територија, со што се исклучени било какви ненамерни грешки или субјективен фактор при утврдувањето на вредноста на употребуваните моторни возила.

Трошоците за пребарување во електронскиот каталог се на товар на Царинската управа на Република Македонија, што значи дека при поднесување на царинска декларација за увоз на употребувани моторни возила нема да се наплаќа надоместок за пребарување во електронскиот каталог.

Истовремено, престанува и досегашната обврска за задолжително фотографирање на секое употребувано моторно возило при неговото увозно царинење, објави customs.org.mk.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.