Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Дрвокрадец бегајќи од шумската полиција го запалил возилото во кое биле дрвата

На 21.01.2019-та година во 13:45 часот во СВР Струмица, вработен во шумска полиција пријавил дека истиот ден околу 13:30 часот, на место викано „Палазлија“, во службеното возило „Дачиа“, кое било паркирано покрај регионалниот пат Берово-Струмица, удрило возило „Мерцедес“ со бугарски регистерски ознаки во кое имало дрва, управувано од А.С. од село Старо Балдовци.

Според пријавеното, А.С. почнал да им се заканува на вработените во шумската полиција и потоа го испрскал неговото возило со бензин и го запалил, по што побегнал.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. Се работи на расчистување на случајот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.