Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Укинати се интервентните мерки и препораки против загадувањето во Струмица

Владата на Р.Македонија информираше дека, престануваат да важат интервентните мерки и препораки против загадувањето во Струмица, кои беа активирани при надминувањето на прагот на алармирање во овој град.

Во соопштението на Владата стои дека согласно податоците од ДАМСКВ на 22.01.2019 година, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 μg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Струмица.

Притоа, во соопштението се додава дека, редовните мерки против аерозагадувањето дефинирани во Програмата за чист воздух и придружниот оперативен план за имплементација, продолжуваат да се имплементираат согласно Планот за чист воздух на Владата на Р.М.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.