Во минатата 2018-та година преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ биле решени 1.203 проблеми од вкупно пријавените 1.428. Останатите 225 се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.
Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување, вкупно 694, од областа на собирање смет – 183, водовод и канализација – 162, паркови и зеленило – 138, општински инспекциски служби – 13 и исто толку за улици, патишта и тротоари.
Целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.