ЈПКД „Турија“ од Василево во соработка со општина Василево од почетокот на годинава интензивно се справува со дивите депонии.
Како што истакна в.д директорот на ЈПКД „Турија“ – Зоранчо Георгиев, механизацијата е на терен и работи на расчистување на дивите депонии кои главно се наоѓаат покрај патиштата – на влезовите и излезите од населените места а вчера се чистело покрај локалниот патен правец Василево – Пиперево од каде се собрани околу 160 м 3 отпад кој е депониран на соодветна локација.
Досега исчистени се неколку диви депонии во повеќе населени места и тоа: во Пиперево – дивата депонија кај мостот и во населените места Василево, Добрашинци и Дукатино. На секоја исчистена дива депонија се поставува информативна табла со натпис „забрането фрлање отпад“ како информација и последна опомена до граѓаните да не го фрлаат отпадот на јавните површини.
Градоначалникот Марјан Јанев пак, истакна дека оваа година битката со справувањето со дивите депонии ќе се води многу поенергично. Комуналните редари ќе бидат постојано на терен и секое евидентирано фрлање на ѓубре од страна на граѓаните на јавна површина ќе биде санкционирано и ќе следуваат казни.
Оваа активност ќе се одвива и во наредниот период, во континуитет, во сите населени места со единствена цел – трајно решавање на прашањето со дивите депонии и неконтролираното фрлање отпад на јавни површини .
Од општината и јавното претпријатие упатуваат апел до граѓаните отпадот да не го фрлаат на јавните површини, туку да го депонираат на местата одредени за таа цел.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.