Градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски оствари средба со државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, м-р Јована Тренчевска, на која, разменија позитивни искуства и нови предизвици во унапредувањето на родовата еднаквост и родовото одговорно буџетирање на локално и државно ниво.
Струмица е инаку меѓу првите пилот општини во државата во кои се имплементира проектот „Зајакнување на капацитетите на општинските службеници и локални претставници за родово одговорно буџетирање“, што се спроведува со поддршка на UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените.
Според Јаневски, стекнатите позитивни практики и поддршката од Министерството за труд и социјална политика, ги охрабруваат за поголеми чекори во создавањето на праведна општина за сите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.