Еднократна парична помош во висина од 3.000 денари ќе добива секое новородено дете на подрачјето на територија на општина Струмица – ова беше една од усвоените точки од дневен ред на 19-тата седница на Советот на општина Струмица.
Како што истакна претседателот на Советот – Марјан Даскаловски – секое дете без разлика дали е од социјална категорија или не и дали е со еден или двајца родители, ќе добива еднократна парична помош.
Меѓу другото, на седницата беа усвоени и Програмата за работа на Советот за 2019-та година, планот за запишување ученици во прва година во средните општински училишта во учебната 2019/2020 година, како и повеќе други одлуки, програми и планови од повеќе области.
На седницата советниците расправаа за вкупно 16 точки и 2 советнички прашања.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.