По реакцијата на поединци, корисници на тезги во Градскиот пазар во склоп на Г.Т.Ц „Глобал“ – Струмица, кои излегоа со тврдења дека се обесправени и на кои вчера (30.01.2019-та година, среда) поради неовластено користење и злоупотреба на електрична енергија, со одлука на Управниот орган на одделението „Управување со пазари“ при ЈПКД „Комуналец“ им беше оневозможена.
Нивниот демант во целост гласи: Потенцираме дека користењето на електрична енергија на тезгите во Градскиот пазар е надвор од месечната наемнина за истите, а се пресметува паушално земајќи ја предвид дејноста на корисниците, квадратурата и приклучените електрични апарати. Останатиот дел на корисници кои регуларно имаат склучено договор за користење на електрична енергија продолжија со непрекинато извршување на својата дејност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.