На 12.02.2019-та година (вторник), со почеток од 20 часот, во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ќе се одигра претставата „Петтиот чин“ во режија на Ник Апер.
Претставата е одликувана со три награди од НЕТА и тоа: Бранко Бенинов и Ванчо Крстевски за најдобри машки ликови и Ник Апер за режија. На „Европскиот патувачки театарски фестивал“ – Сливница, Р. Бугарија награда за најдобра машка улога на Бранко Бенинов.
Улогите ги толкуваат: Мартин – Бранко Бенинов, Арсен – Коста Ангов и Кустос – Ацо Гогов. Музика: Влатко Стефановски, превод, сценографија и костимографија: Иванка Апостолова, драматургија: Загорка Поп Антоска-Андовска, обликување на звукот: Ѓорѓе Витанов, обликување на светло: Нико Горшич и Никола Илков и видео проекција 3Д мапирање: Никола Кумев.
Влезницата за претставата чини 100 денари а билетарницата работи секој работен ден од понеделник до сабота од 08 до 21 часот и еден час пред претставата. Претставата ќе се изведува и на 13.02.2019-та година (среда).







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.