Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Крводарителска акција во просториите на општина Василево

На 06.02.2019-та година (среда),  во просториите на општинската зграда во Василево, во организација на ОО на „Црвен крст“ – Струмица и Службата за трансфузиона медицина, во соработка со општина Василево, ќе се спроведе граѓанска акција на доброволно дарување крв, во периодот од 08:30 до 14:00 часот.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани, да се приклучат на акцијата, да ја покажат својата хуманост на дело, да даруваат крв и да учествуваат во спасувањето на нечиј човечки живот.

Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно. Крводарител може да биде секоја здрава личност на возраст од 18 до 65 години. Пред секое дарување на крв се врши лекарски преглед.  Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.