Во недела, на 10.02.2019-та година, со почеток од 12 часот, во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, премиерно ќе биде изведена претставата „Пипи долгиот чорап“ на Астрид Линдгрен, во режија на Драгана Таневска.
Улогите ги толкуваат: Пипи долгиот чорап – Анкица Бенинова, Томи – Игор Тодоров, Аника – Јулија Милкова, Наставникот – Ванчо Мелев, Дундер – Кире Ѓорѓиев и Блум – Ванчо Василев.
Драматизација: Ацо Гогов, костими: Ванчо Василев, сценографија: Драгана Таневска.
Директно од страниците на омилената книга, Пипи ќе зачекори по сцената на Струмичкиот театар, за уште еднаш да не’ потсети на неограничената слобода на детскиот дух, на великодушноста која се простира низ целото нејзино битие, бидејќи Пипи е токму таква: едно големо срце кое знае да им помогне на сите, исто како што знае и да не’ насмее.
Влезницата за претставата чини 100 денари.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.