Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Од следната грејна сезона ќе се гасифицира струмичката општа болница

При посетата на општина Струмица, заменик министерот за животна средина и просторно планирање – Јани Макрадули, истакна дека гасификацијата е суштинска мерка за решавање на проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух во Струмица. Во тек е подготовката за гасифицирање на општата болница во Струмица, за која директорот др.Наќе Гогов, истакна дека би требало да се приклучат на гасоводната мрежа од следната грејна сезона.

Макрадули и градоначалникот – Коста Јаневски, разговараа за преземање мерки против загадувањето на воздухот во Струмица и при посетата на болницата, со директорот др.Гогов, разговараа за нејзината подготвеност за приклучување на гасоводната мрежа.

Според Јаневски, единствениот начин да се намали загаденоста на воздухот во Струмица е приклучување на гасоводната мрежа и дека тие како општина направиле акционен план поднесувајќи конкретни предлози до Владата на Р.Македонија, која би требало да го направи овој енергенс поевтин, за да можат граѓаните на Струмица да се приклучуваат. Имено, предложиле данокот на додадена вредност на гасот да се намали од 18% на 5% и да се субвенционираат горилници и приклучни елементи, проширувајќи ја мрежата на гасификација.

Макрадули пак, додаде дека Струмица е првата општина која го почнува процесот на гасификација и треба да биде пример за сите други општини во земјава и дека искрено се надева таа прва да го заокружи процесот на гасификација на сите јавни установи кои се на листата на приоритети на планот за чист воздух на Владата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.