Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Црвен крст“ – Струмица ја одржа првата активност за превенција од сексуално преносливи инфекции

Општинската организација на „Црвен крст“ – Струмица ја одржа првата од низата активности, преку работилници за превенција од сексуално преносливи инфекции во рамки на проектот „Здравје во заедницата – Врсничка едукација за превенција од сексуално преносливи инфекции“ поддржан од Меѓународната Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Нивните врснички едукатори за СПИ ќе одржуваат работилници за подигање на свеста кај младите за сексуално преносливи инфекци и несакана бременост.

Младите едукатори од клубот на млади првата превентивна работилница ја одржаа во ООУ „Гоце Делчев“ – Василево. Со превентивното предавање и интерактивни работилници беа опфатени 15 ученика од 8 одделение и 18 ученика од 9 одделение.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.