Во склоп на годишниот план за работа, но и по изминатиов период на наноси од снег и врнежи од дожд, работната единица при одделението „Комунална Хигиена“ на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, започна акција на генерално чистење на булеварите во Струмица.
Покрај стандардните активности рачно метење и собирање на отпадоците, поради поволните временски услови, ќе се спроведува и машинско миење на булеварите и улиците со автоцистерна.
Акцијата за генерално чистење ќе продолжи и во текот на наредната недела, а ќе ги опфати сите булевари и поголеми сообраќајници.
Од „Комуналец“ велат дека тековно улиците се чистат секојдневно и чистотата на улиците е на задоволително ниво. Тие апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не фрлаат отпадоци.


Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.