Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Роман Хакен – претставник од ЕЕСК, во посета на СОУ „Јане Сандански“ – Струмица

Претставникот на европскиот економски и социјален комитет – Роман Хакен, го посети СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, пред 10-тиот YEYS настан, на кој во март годинава, ќе учествуваат ученици од ова училиште, заедно со нивниот ментор, проф.Катерина Калева-Тасева.

Хакен одржа презентација во салата за состаноци пред 30-тина ученици, претставувајќи ја својата институција, зборувајќи за функционирањето на Европската унија и за настанот „Твоја Европа, твој збор“.

Настанот „Твоја Европа, твој збор“ е во организација токму на Европскиот економски и социјален комитет, и преку истиот ученици од Европа имаат можност да ги споделат своите мислења и истите преку комитетот да стигнат до високите институции во ЕУ како Европската Комисија и Европскиот Парламент.

Годинава настанот прави јубилејни 10 години и ќе се одржи на 21-ви и 22-ри март во Брисел, каде меѓу другото ќе се дебатира и за претстојните избори на Европскиот Парламент кои треба да се одржат во мај годинава. Оваа година на настанот ќе учествуваат 99 ученици од 33 држави кои се членки или кандидати во ЕУ, а меѓу нив ќе бидат и тројца ученици од СОУ „Јане Сандански“ како претставници од Македонија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.