Градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев синоќа оствари средба со граѓаните на населеното место Едрениково.
Причината за оваа средба е изградбата на фекална канализациона мрежа, која треба да започне деновиве, а исто така, ќе биде распишан и повик за изградба на прочистителна станица во ова населено место.
Целокупната инвестиција изнесува околу 20 милиони денари – средства добиени од страна на УНДП.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.