На своја иницијатива, ученици од прва година од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, донираа храна на деца со посебни потреби во Центарот „Мајка Тереза“ – Гевгелија. Оваа иницијатива е во чест на нивната соученичка Гордана Стојанова, која беше волонтер и активна во помагањето на децата а која прерано го загуби својот живот.
Учениците донираа овошје со парични средства собрани самоиницијативно, заедно со нивниот класен раководител Петруш Џорлев. Превозот до Гевгелија на учениците им го обезбеди училиштето.
Инаку Центарот за деца со посебни потреби „Мајка Тереза“ во Гевгелија, работи со повеќе од 30 деца од регионот, во рамките на проектот HUBility, кој е финансиски помогнат од страна на католичките добротворни организации „Реновабис“ – Германија и „Каритас“ – Италија, а ко-финансиран од Здружението на родители „Национална алијанса за лица со посебни потреби“ – Гевгелија.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.