На 13.02.2019 година во 13 часот во Полициската станица Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супастанци и прекурсори“, од слобода биле лишени М.Н.(27) и С.Н (28) од село Добрејци, струмичко.
При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, полициски службеници пронашле марихуана и 26 стебла од растението „Канабис“ кај првоосомничениот и марихуана кај второосомничениот.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.