Во текот на 6-тата недела од 2019-та година (04.02-10.02.2019) во земјава пријавени се 2.246 случаи со симптоми на грип и заболувања слични на грип, што е речиси 80% зголемување во споредба со минатата недела – информираат од Институтот за јавно здравје.
Во споредба сп 6-тата недела од минатата сезона, бројот на пријавени оваа недела е помал за 24,2%. И во оваа недела најголем број на заболени има во најголемата – возрасната група, од 15 до 64 години.
Пријавени се заболени лица од 27 извештајни единици, од кои најголем број од ЦЈЗ Струмица (n=427). Досега, кумулативно во оваа сезона, во ЦЗЈ Струмица пријавени се (n=845).
Процентот на позитивни резултати добиени од вирусолошкиот надзор оваа недела е 52% и укажува на висока активност на вирусот на грип.
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено за лица кои припаѓаат на ризични групи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.