Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Поставена меѓукатна конструкција во ООУ „Маршал Тито“ – Струмица

Во ООУ „Маршал Тито“ – Струмица заврши поставувањето на меѓукатна конструкција на спратот на училишната зграда, кое чинеше 1.098.175 денари, а општина Струмица учествуваше со 150 илјади денари за набавка и монтажа на врати за училниците, крпење на внатрешните врати и транспорт и складирање на демонтираниот материјал.

Училиштето со сопствени средства го изврши обновувањето на електричната инсталација, а советот на родители и вработените учествуваа во демонтажата на постоечкиот под.

Овој зафат се реализираше во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО), а за кој беше потпишан Меморандум за соработка меѓу училиштето, општина Струмица, Македонскиот центар за граѓанско образование и УСАИД.

Со поддршката на овој проект, општина Струмица потврди дека води континуирана грижа за подобрување на условите за изведување на воспитно – образовниот процес во училиштата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.