На 16.02.2019-та во 00:15 часот во атар на село Ново Село – струмичко, пронајдени се девет мигранти од Пакистан кои биле симнати од патничко моторно возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки.
По преземени мерки во 00:30 часот во Радовиш во врска со овој случај сопрено е возилото, управувано од М.В.(21) од Велес.
Против лицето е поднесена кривична пријава и му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.