Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Градоначалникот Марјан Јанев одржа средба со жителите на Пиперево

Градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев одржа средба со граѓаните од месната заедница во населеното место Пиперево, каде беше разговарано за потребите и проблемите во ова населено место и изнаоѓање на соодветниот начин за нивно решавање.

На средбата беа присутни пратеникот Сашко Атанасов и директорот на ЈПКД „Турија“ – Зоранчо Ѓоргиев.

Пред некој ден беше одржана и средба со граѓаните од населеното место Едрениково. Во наредниот период ќе се организира и средба со граѓаните од останатите населени места.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.