Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Работилници за интеркултурна размена во СООУД „Димитар Влахов“ – Струмица

Овој месец во СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица ќе се реализира третата фаза од проектот „Интеркултурна размена“ кој е дел од проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на децата“, во кој се опфатени последователни активности (Follow up).

Во периодот од 5-19 декември, 2018 година, осум ученици од ова училиште и наставничката по Граѓанско образование Елисавета Василева, како нивен супервизор, учествуваа во интеркултурната размена со ученици од неколку градови од Македонија и нивни врсници од Молдавија, во Троген – Швајцарија.

За време на размената преку интензивна и интерактивна обука, учесниците имаа можност да ги надоградат своите знаења, првенствено во областа на антидискриминација, детски права и интеркултурна комуникација.

До крајот на месецот ќе се реализираат 6 работилници, во кои учениците кои учествуваа во размената и учениците правобранители, ги пренесуваат нивните искуства стекнати во Швајцарија, на групи од 20-25 ученици од секоја генерација и од сите постоечки профили училиштето. Работилниците се во тек.

Проектот е инаку организиран од „Коалиција на младински организации СЕГА“ во соработка со „Детската фондација Песталоци“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.