ОО на „Црвен крст“ – Струмица ќе вклучи 10 млади активисти, 1 медицинско лице и 1 физиотерапевт, кои ќе пружат нега на 20 стари лица со попреченост во домашни услови, како дел од проектот „Нега на стари лица со попреченост во домашни услови“.
Целта на овој проект е да се подигне свеста кај младата популација за важноста од помош и поддршка на повозрасните. Активистите кои ќе бидат вклучени во овој проект, заедно со медицинското лице и физиотерапевтот, ќе помагаат најмногу во насока на социјална инклузија на овие лица, со истовремено подобрување на нивната психо-здравствена состојба.
Идејата за ваков проект дојде од потребата за помош на старите и изнемоштени лица над 65 години, кои се сами и немаат помош од најблиските.
Инаку реализацијата на проектот е финансиски помогната благодарение на грантот кој „Црвен крст“ – Струмица го користи во рамките на Регионалната програма за локална демократија во западен Балкан (ReLOaD), финансиран од ЕУ, имплементиран од УНДП а кофинансиран од општина Струмица.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.