Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Советот на општина Струмица ќе ја одржи дваесеттата седница

Советот на општина Струмица на 27.02.2019-та година (среда), во Домот на АРМ во Струмица со почеток во 11 часот ќе ја одржи 20-та седница со следниот дневен ред:

1. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за „Атмосферски канал во село Габрово – Општина Струмица“
2. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за „Фаза 2 на Улица со шеталиште во село Градско Балдовци – Електрична инсталација и опрема“
3. Предлог – Одлука за усвојување на Анексот кон Спогодбата за начинот и условите за заедничко организирање на извршувањето на линискиот превоз на патници за општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село;
4. Предлог – Одлука за усвојување на Акционен план во областа вработување, домување, образование и здравство за периодот 2019-2021 година;
5. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2019 година; 
6. Правилник за организирање и реализација на струмичкиот карневал; и
7. Информација за состојбата на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Струмица за периодот од 01.07.2018 до 31.12.2018 година.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.