Започна изградбата на канализациона мрежа во населеното место Едрениково – инвестиција вредна 10 милиони денари.
Средствата за реализирањето на овој проект се обезбедени преку УНДП од страна на швајцарската влада – информира градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев.
Целиот проект предвидува изградба на примарна и секундарна мрежа за отпадни води на која може да се приклучат сите домаќинства од ова место а оваа година ќе се гради и пречистителна станица со помош на дополнителни средства во висина од 15 милиони денари, кои се веќе обезбедени.
Изградбата на системот за канализација во населеното место Едрениково е во рамки на УНДП проектот „Управување со сливот на река Струмица“ каде партнери се општините од струмичкиот слив, Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.