Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Пријавени 2.943 заболени од грип во земјава, во седмата недела од оваа година

Во текот на 7-ма недела од 2019 година (11.02-17.02.2019), во Република Македонија пријавени се 2.943 (I=142,2/100.000) случаи со симптоми на грип/заболувања слични на грип, што е за 31% зголемување во споредба со минатата недела (n=2.246).

Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 21,1% споредено со 7-ма недела од минатата сезона (n=3.728), а во однос на бројот за 7-ма недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 8 сезони) постои намалување од 6,2%.

Како и во текот на сите претходни недели од почетокот на сезоната, така и во 7-ма недела, најголем број заболени (n=1.861; 63,2%) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 284,0/100.000 жители е регистрирана кај децата од возрасната група од 0-4 години.

Оваа недела пријавени се заболени лица од 26 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Струмица (n=486),

Во сезоната 2018-2019 најголем број заболени лица се регистрирани во ЦЈЗ Струмица – 1.331.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено за лица кои припаѓаат на ризични групи.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.