Традиционалниот, четиринаесетти по ред планинарски марш, во чест на загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, започна денес со старт од Струмица, од пред споменикот „Македонија“ кој е подигнат во негова чест.
Планинари од Струмица, Гевгелија, Радовиш и Неготино, ќе ја изодат маршрутата долга 200 км до крајната цел во Скопје, каде треба да пристигнат на 26-ти февруари, на гробиштата Бутел и да се придружат на одбележувањето на 15 годишнината од смртта на Борис Трајковски.
Целта на овој марш е да се одбележи денот на загинувањето на поранешниот македонски претседател, но и за спомен на човекот кој беше љубител на спортот и спортските активности.
Пред тргнување, планинарите положија свежо цвеќе на споменикот „Македонија“ и беа испратени од страна на градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.