Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во тек се повеќе градежни активности во Струмица и населените места

  • Вкупно проектите чинат околу 40 милиони денари – обезбедени преку комбинирани средства.
  • Завршен е и мостот на каналот кој што поминува низ населеното место Сачево.
  • Овој проект треба да биде реализиран до крајот на мај.

Во тек се повеќе градежни активности на неколку локации во општина Струмица, со цел подобрување на условите за живот на населението и дел од нив се веќе во завршна фаза.

Во населените места Просениково и Дабиле се изведуваат примарни канализациони системи во вкупна должина од 16.181 метар, a се подготвуваат проекти и за дополнителни краци за да може секој жител на ова место да се приклучи на мрежата. Вкупно проектите чинат околу 40 милиони денари – обезбедени преку комбинирани средства.

Во населените места Куклиш и Муртино во завршна фаза е преадаптацијата на објекти во клонови на градинката „Детска радост“ со капацитет за 86 деца на возраст од 2 до 6 години. Поставени се инсталации за загревање, цистерни за користење на гас, се обезбедува мебел и опрема со што со почетокот на новата учебна година овие градинки ќе бидат целосно комплетирани.

Завршен е и мостот на каналот кој што поминува низ населеното место Сачево. Станува збор за современ мост со армирана бетонска конструкција со ограда, а планирани се уште два други моста и одредена делница од асфалтниот пат за кои се изготвува проект.

И стационарот за бездомни животни е во завршна фаза, а во процедура е набавката на специјално возило со кое што ќе се транспортираат животните. Се гради по најсовремени стандарди и согласно законските прописи за заштита и благосостојба на животните, а се почитуваат и сугестиите на граѓанските здруженија кои што се занимаваат со оваа проблематика. Овој проект треба да биде реализиран до крајот на мај.

На улицата „Младинска“ е во тек изведбата на ново улично осветлување.
Се заменуваат старите дотраени канделабри и поставуваат нови. Ќе се постават 47 канделабри со современо ЛЕД осветлување со јачина од 80 вати кое што генерира и одредени заштеди.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.