Втор случај од Струмица кај кој денес се врши тестирање за коронавирус по претходна пријава дека чувствува дел од симптомите за оваа инфекција.
Се работи за шоферот на комбето со кое се превезувала заразената со корона вирус. Тој денес сам пријавил дека чувствува болки во градите и има кашлица, по што на соодветен начин е префрлен во изолациона соба во болницата во Струмица од каде се земени материјали за испитување и пратени на инфективната клиника во Скопје.
Во текот на денот како што изјави министерот Филипче ќе ги соопштат и неговите резултати.
Покрај ова тој соопшти и дека резултатите на стумичанецот кој утрово беше тестиран од коронавирус се негативни.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.