Советот на општина Василево на вонредна седница ја донесе одлуката со која го одобрува Извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со 30.09.2018 година, а кои ќе се финансираат со средствата добиени од Владата на Р.С.Македонија како финансиска поддршка за таа намена.
Едногласно беше усвоена и предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2019 година и истата се однесува на преманена буџетските средства во рамките на една од програмите, т.е во програмата А30 – подмирување на доспеани а ненаплатени обврски.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.